Фудбал
Размена Шкринар за Агуеро
Близок извор до таборот на италијанскиот калчо гигант Интер откри дека клупските челници се подготвени да седнат на преговарачката маса со раководните лица на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити кои се сериозно заинтересирани за услугите на словачкиот интернационалец Милан Шкринар. Италијанските медиуми открија дека централниот дефанзивец ќе ја добие потребната дозвола за да се пресели на „Итихат“ само доколку во обратната насока се упати аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро.
vecer.press