Фудбал
Таткото на Гризман жестоко го предизвика Сетиен: Среќа, што си само минувач во Барселона
Антоан Гризман пристигна во Барселона од Атлетико Мадрид минатото лето како големо засилување.
Каталонскиот клуб издвои 120 милиони евра за францускиот напаѓач, но Гризман не игра точно како што се очекуваше во својата прва сезона. Откако Ла Лига продолжи минатиот месец, натпреварите на Гризман главно започнуваат на клупата.
Барселона синоќа дома одигра нерешено против Атлетико Мадрид, а Гризман влезе во игра против поранешниот клуб во 89-та минута. Затоа тренерот на Барса, Кике Сетиен се најде под голем удар бидејќи на неговиот тим му требаше победа да ги задржи шансите за одбрана на титулата.
Но, Сетиен по мечот изјави дека нема да му се извини на Гризман за тоа што го воведе во игра толку доцна затоа што веруваше дека играчите кои се на терен обезбедуваат многу добра игра.
Оваа изјава, исто така, го вознемири и таткото на Гризман, Алеин, кој на крајот на краиштата се огласи на Инстаграм. Тој го критикуваше тренерот на Барселона и жестоко го нарече дека е само минувач во Барса.
„Вие сте само случаен минувач во Барселона. Јасно е дека нема да останете долго и затоа не сакам да се вознемирувам. Му дадовте две минути и тоа е понижување за него“, рече таткото на Гризман.