Други спортови
„Фетел го напушта Ферари бидејќи не може да се бори за титулата“
Првиот човек на Ред Бул, Хелмут Марко смета дека Фетел го напушта Ферари бидејќи не може да освои нова светска титула со тој тим.
„Ако ги погледнете резултатите од тестот од Барселона… Затоа мислам дека Фетел го напушта Ферари затоа што во тој тим нема потенцијал за титула светски шампион“, рече Марко.
“Се надевам дека Себ ќе продолжи да вози, но тоа ќе има смисла само ако тој отиде во шампионска екипа. Поради моменталната состојба, нема можност тој да дојде кај нас”, додаде Марко.
Што се однесува до сезоната 2020 година, Марко ги гледа Макс Верстапен и Луис Хамилтон како првите кандидати за титулата.
“Двајцата ќе се борат за титулата. На почетокот и давам мала предност на Хамилтон. Ќе биде напната затоа што не е познато колку трки ќе се возат. Постои разлика ако има 10 или 15 трки”, рече Марко.