Connect with us

Фудбал

Халанд за само пола година си ја заслужи „деветката“ во Дортмунд

Норвешкото чудо од дете, Ерлинг Браут Халанд, кој во јануари дојде во Борусија Дортмунд од Ред Бул Салцбург и блесна во полн сјај, уривајќи низа рекорди во ЛШ и во Бундеслигата, после само шест месеци си ја заслужи најпосакуваната бројка за еден центарфор – деветката.
Халанд кој сезонава севкупно има преку еден гол во просек по меч, што е неверојатна статистика за младиот голгетер, откако дојде во Дортмунд играше со бројот 17, но во новата сезона ќе ја носи деветката.

Овој број беше сопственост на Пако Алкасер, а Халанд не можеше да ја добие поради правилата дека бројот среде сезона не може да се менува, па сега во следната сезона на грбот на норвежанецот ќе стои деветката, која во минатото во Дортмунд ја нослеле многу големи имиња и има посебна тежина – Роберт Левандовски, Чиро Имобиле, Нелсон Валдез, Стефан Шапуиза, Ларс Рикен, Јан Колер, Карл-Хајнц Родле…