Connect with us

Фудбал

Роналдо после две ипол години постигна гол од слободен удар: Ова ми требаше!

Јувентус запиша убедлива победа во градското дерби против Торино со 4:1, а Роналдо постигна гол од слободен удар.

Тоа за Роналдо беше прв гол од слободен удар во дресот на „старата дама“ и дојде после 43 обиди.

Роналдо во клупскиот фудбал последен гол од слободен удар постигна пред две ипол години, но сега пак го скрши проклетството.

„Многу ми беше потребен голот од слободен удар за да си ја вратам самодовербата. Знаевме дека ќе биде тежок меч, но напорно работевме, победивме и сега го ставивме Лацио под притисок. Не е важно кој постигнува голови, сите сме во добра форма и ќе се обидеме да победиме и против Милан“, истакна Роналдо.

Извор: Sportski.mk