Други спортови
Федерер планира да игра и следната година
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер има намера да игра тенис и следната година.
Федерер ќе има 40 години следното лето, но тој сепак планира да игра професионален тенис. Ова е потврдено во неговата изјава дека тој има намера да настапи на Олимписките игри во Токио следното лето, како и на Вимблдон.
„За жал, не успеав да играм на Олимпијадата во Рио поради операција на коленото. Се надевам дека ќе можам да се натпреварувам во Токио следната година, тоа е исто така една од моите цели“, рече швајцарскиот ветеран.
Патем, Федерер сè уште се опоравува од две операции на коленото што ги имаше оваа година и не е во состојба да игра.
„Се чувствувам многу подобро, но сè уште не сум подготвен да играм тенис“, рече тој.
Тенисот сè уште е суспендиран поради коронавирусот, а да не беше така, сега ќе се играше Вимблдон.
„Ми недостасува Вимблдон. Јас би сакал да играм на централниот терен сега. Јасно е дека една од моите најголеми цели и причината зошто напорно работам да се опоравам секој ден е да се вратам во Вимблдон следната година“.
Тениската сезона треба да продолжи во август.