Други спортови
Верстапен најбрз на вториот тренинг во Австрија
Холандскиот возач Макс Верстапен (Ред Бул) го возеше најбрзиот круг во вториот слободен тренинг што денес го изврши на Ред Бул Ринг во Спилберг, Австрија, оставајќи го зад себе победникот на австриското Гран-при минатата недела, Финецот Валтери Ботас (Мерцедес).
Верстапен постави време од една минута, три секунди и 660 стотинки, а Ботас беше побавен за 43 стотинки. Мексиканецот Серхио Перез (Расинг Поинт), кој имаше најдобро време во првиот слободен тренинг, беше трет, со заостанување од 217 стотинки.
Со оглед на лошата временска прогноза за утре, овој тренинг би можел да добие важност. Имено, доколку има навистина обилен дожд што може да предизвика откажување на борбата за почетните места, тогаш тоа ќе се утврди според резултатите од вториот слободен тренинг.
Тоа би било лошо за актуелниот светски шампион Британецот, Луис Хамилтон (Мерцедес), кој беше шести, а маките продолжија и за германецот Себастијан Фетел (Ферари), кој беше 16-ти. Австралиецот Даниел Рикиардо (Рено), кој полета надвор на почетокот на тренинзите, остана без место.