Други спортови
Како што стојат работите сега, УС Опен ќе се одржи според планираното
УС Опен ќе се одржи во август според планираното. Без оглед на откажување на одредени турнири, американската тениска федерација планира да одржи Гренд слем во Њујорк.
Засега се откажани државните првенства во јуниорските категории, а нема да се играат ниту АТП ниту ВТА турнирот во Њупорт.
Организирањето на овие турнири од гледна точка на финансии и логистика би претставувало преголем товар за организаторите пред се заради тестирање од коронавирус и обезбедување на сместување.
„Постои ризик од огромен број индивидуи на едно место, во исто време“, велат организаторите.
Почетокот на УС Опен е планиран за 31 август, но прашање е дали најдобрите тенисери на денешницата ќе играат на турнирот заради големиот број заразени луѓе во Соединетите држави.