Connect with us

Други спортови

Откажан ВТА турнирот во Токио

Престижниот турнир ВТА во Токио, закажан за во ноември, е откажан поради пандемија на коронавирус за прв пат во историјата, соопштија организаторите.

Откажувањето на турнирот, кој постои од 1983 година, е нов голем удар за јапонскиот спорт, кој беше најтешко погодена со оодложувањето на Олимписките игри.

„Се обидовме да најдеме начини да го организираме турнирот, дури мислевме дека ќе го организираме турнирот без гледачи. Но, безбедносната закана е премногу голема“, се вели во изјавата на организаторите.

Во Азија не беше откажан само турнирот ВТА во Сеул во октомври оваа година Турнирите во Пекинг, Вухан, Нанчанг, Женгзуј, Жухаи, Гуангжу и завршниот турнир од најдобрите осум во Шенжен беа откажани. Сезоната на ВТА продолжува на 3 август во Палермо.