Други спортови
Хабиб најави спектакл за крајот на својата кариера, а на шефот тоа не му пречи: Би направил се што сака!
Хабиб Нурмагомедов ќе се бори против Џастин Гетџи за титулата во лесна категорија на 24 октомври.
Ова ќе биде еден од најтешките предизвици во кариерата на Хабиб, но тој е толку сигурен што ќе победи што веќе го планира следниот меч, што би можел да биде последен во неговата кариера.
Хабиб објави дека по Гетџи би сакал да се бори и со легендарниот Жорж Ст.Пјер и на првиот човек на УФЦ Дан Вајт не му пречи тоа.
„Знам дека Конор очајно сака нов натпревар против Хабиб и тоа е борба што сите ја сакаме исто така, но не знам. Ќе видиме како сето тоа се одвива. Секако, јас сум отворен за можноста да се борам против ГСП, ако тоа е неговата последна борба. Овој човек е одличен за друштво, за спорт. Го сакам Хабиб и би направил се што ќе посака“, рече Вајт.
Легендарниот Пјер беше најголемата sвезда во УФЦ. Тој беше шампион во средна и лесна категорија, но од 2013 година има одиграно само еден натпревар, пред три години против Мајкл Биспинг.
Сигурно е дека тој сериозно би размислил за кам-бек натпревар против Хабиб и тоа е борба што сите навивачи на ММА едвај би ја дочекале. Тоа би било вистински спектакл на два гиганти.