Connect with us

Фудбал

ФОТО: Со багер на стадион, ова се најголемите навивачи

Во Босна и Херцеговина се одигра првото коло од тамошната Премиер лига. Секако, поради пандемијата со коронавирусот и натаму забрането е присуство на публика на стадионоте. Во Мостар тимот на Широки Бријег славеше против Тузла Сити со 1:0. Сепак, моментот кој стана хит на социјалните мрежи во целиот регион се двајца навивачи кои сепак во живо успеаја да го следат мечот.

Како, па со багер на стадион. Ја паркираа машината од надворешниот дел од стадионот, ја кренаа корпата, се качија, го земаа пивото и секако уживаа во мечот.