Connect with us

Фудбал

Зидан и Бејл ниту се поздравуваат ниту се гледаат во очи

Иако во медиумите често пати вели дека смета на сите играчи, сепак во пракса тоа не е така. Шпанска „Марка“ пишува дека Зинедин Зидан нема никаков контакт со Герет Бејл. Зидан не смета на Велшанецот од лични причини и дека неговото неиграње нема врска со професионалниот однос. Нивната „врска“ целосно пукнала.

Помеѓу нив нема разговори, нема размен на зборови, нема ни меѓусебен поздрав или поглед. Според „Марка“ двајцата се игнорираат меѓусебно.

Колку се нарушени нивните односи доволно говори податокот дека Зидан воопшто не го ставил Бејл на списокот за дуелот против Манчестер Сити во реваншот во ЛШ, а во авионот имало место за Рамос, иаго е суспендиран.