Connect with us

Фудбал

ФОТО: Овој фудбалски ѕвер пред секој меч го мачкаат со вазелин или „бејби“ масло

Ги поминал сите категории на славната „Ла Масија“, но никогаш не добил шанса во првиот тим на Барселона да се докаже. Адама Траоре, Шпанец со потекло од Мали, од 2015-та е во Премиер лигата. Прво во Астон Вила, па потоа Мидлзброу, а сега е дел од Вулверхмемптон. Овој тим синоќа го елиминираше Олимпијакос и обезбеди место во четвртфиналето на Лига Европа.

Адама Траоре, кој игра на крилната позиција има 24 години, а се чини дека го споил невозможното во фудбалот, брзината на спринтер и тело како бодибилдер.

Токму поради неговата силина но и брзина често пат мечевите ги завршува со бројни рани по своето тело од бројните влечења, удирања, штипење при дуелите со противничките играчи, кои мака мачат во дуелите еден на еден. Дека тоа е така покажува фактот дека има најмногу дриблинзи во Премиер лигата откако замина Еден Азар во Реал Мадрид.

За да избегнат такви чести повреди и исекотини по неговото тело, физиотерапевтот на Вулверхемптон се досетил на интересно решение. Пред секој меч го мачкаат со вазелин, „бејби“ масло, но и други сретства. Сепак, како што пишуваат англиските медиуми, „бејби“ маслото се покажало како најефикасно.