Connect with us

Фудбал

Зинедин Зидан прв пат како тренер елиминиран во ЛШ

Ова е прв пат Зинедин Зидан да биде елиминиран во ЛШ во неговата тренерска кариера. Претходно, во трите обиди во сезоните 2015/2016, 2016/2017 и 2017/2018 стигнуваше до крајот. Кога Реал Мадрид испадна од Ајакс во осминафиналето тренер беше Сантијаго Солари.

Додека Зинедин Зидан за нова титула ќе чека една сезона, Пеп Гвардиола ќе го води тимот во Лисабон на самата завршница и ќе се обиде да се израмни со Французинот по бројот на пехари во ЛШ. Зидан како тренер има три, а Гвардиола две, двете со Барселона. Манчестер Сити во четвртфиналето ќе игра против Лион, кој вечерва го елиминираше Јувентус.