Connect with us

Фудбал

Пјаниќ заминува, па ја искористи можноста да го „боцне “ тренерот Сари

Јувентус е елиминиран од ЛШ од Лион, а секако за тимот од Торино ова е голем удар бидејќи токму ова натпреварување, како што најавуваа е приоритет.

Исто така ова беше последен меч за Миралем Пјаниќ кој се сели во Барселона.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Пјаниќ дал изјава, а посебно издвоиле еден дел од неа во која фудбалерот зборувал за тренерот на Јувентус. Шпанските медиуими пишуваат дека Пјаниќ ја искористил можноста да го „боцне“ Сари и да порача дека неговата тактика била погрешна од самиот почеток.

Имено, новинарите го прашале Пјаниќ да ја според тактиката на Сари која ја користел во Наполи и оваа во Јувентус.

-Преубава игра на Сари, мислам во Наполи, а не оваа сезона. Оваа година игравме поинаку и мислам дека тоа сите го видоа, дури и тој, изјавил Пјаниќ.