Фудбал
Роналдињо ја призна вината, се враќа во Бразил
Адвокатскиот тим на гегендарниот бразилски фудбалер Роналдињо и неговиот брат, успеале да постигнат договор со судските власти во Парагвај, па наскоро ќе можат да се вратат во Бразил. Имено, наводно тие се согласиле да признаат вина, а судот ќе ги ослободи со одредени услови.
Локалниот јавен обвинител побара затворање на истрагата против Роналдињо и Роберто, а во консултација со судијата го закажа последното рочиште, по што Бразилците конечно ќе можат да го напуштат Асунсион, каде се наоѓаат во куќен притвор.
Двајцата пред неколку месеци влегле во Парагвај со лажни пасоши поради што беа уапсени. Имаше едно судење, но поради Ковид 19 целата постапка се одолговлекува. Сепак, најверојатно двајцата ќе платат парична казна во висина од 200 илјади долари и ќе бидат слободни.