Connect with us

Фудбал

Давид Силва му кажал „ДА“ на италијанскиот тим

Се чини дека се е договорено. Досегашниот фудбалер на Манчестер Сити, Давид Силва од следната сезона ќе го носи дресот на Лацио. Како што пишуваат италијанските медиуми Шпанецот му кажал „ДА“ на италијанскиот тим, а наскоро се очекува да допатува во Рим и да потпише договор кој ќе биде за две години.

Како што пишува „Газета дело Спорт“ Силва и Лацио се договориле и договор ќе биде потпишан на две, плус една година, а шпанскиот фудбалер ќе заработува четири милиони евра.