Фудбал
Отказот на Сари ќе го чини Јувентус 20 милиони евра
Јувентус и официјално му врачи отказ на Маурицио Сари, а секако причината е елиминацијата од Лион од ЛШ. Сепак, ваквата одлука скапо ќе ја чини „Старата дама“. Имено, Сари имаше важечки договор, па со оглед на тоа дека одлуката е еднострана, Јувентус ќе мора да издвои 20 милиони евра од својата каса за подмирување на „пеналите“ за Сари, но и неговите колеги од стручниот штаб.