Фудбал
Се огласи легендата на Јувентус за ангажирањето на Пирло за тренер
Андреа Пирло и официјално е нов тренер кој потпиша двегодишен договор со Јувентус. Пред само неколку дена тој беше назначен за тренер на тимот за играчи до 23 години, кој се натпреварува во Серие Ц, но откако Маурицио Сари ескпресно доби отказ по елиминацијата од Лион, Пирло доби шанса да го предводи најдобриот состав.
За ова беше прашан и легендарниот фудбалер на „Старата дама“ Алесандро Дел Пиеро. Неговото мислење веројатно нема да му се допадне на Пирло. Иако е изненаден како што вели и иако порано требало да се помине низ одредени филтери, сепак сега млади и неискусни тренери водат големи екипи. Дел Пиеро додава дека сепак верува дека Пирло го има потребниот квалитет.
–Во минатото требаше да се минува низ сериозен процес за да дојдете до првиот тим, но не и сега. Последните неколку години ги гледавме Симено Инѕаги, исто и неговиот брат Филипо, а сега и Џенаро Гатузо, одлични играчи како стануваат тренери. Но јас верувам дека Пирло има се што е потребно за да биде и подобар од Зидан, изјави Дел Пиеро.