Connect with us

Фудбал

Шкендија, Ренова и Шкупи утре ќе ги дознаат ривалите, ова се можните противници

Жрепката за првото квалификациско коло од следната сезона за Лига Европа ќе се одржи утре во Нион. Македонија има три претставника, Шкендија, Ренова и Шкупи.

Веќе се познати можните противници, а утре ќе се знае против кого дефинитивно ќе играат.

Шкендија е носител во групите, додека Ренова и Шкупи се во т.н група на аутсајдери.

Според одредените групи од УЕФА, како можни противници на Шкендија се Ноа од Ерменија, Петроклуб од Молдавија, Локомотив Тбилиси од Грузија и Сугмаит од Азербејџан. Ако се суди според имињата, нашиот претстаник не би требало да има проблеми во првото коло.

Но, потешка задача ќе имаат останатите два клуба. Како можни противници на Ренова се Аполон од Кипар, Макаби Хаифа од Израел и Алашкерт од Ерменија. Шкупи ја чека жрепката за да види кој од следните екипи ќе биде нивниот противник, а тоа се Кешла и Нефчи Баку од Азербејџан, како и Хапоел Бер Шева од Израел.

Инаку, попладнево македонскиот претставник во првото коло од ЛШ, тимот на Силекс го дозна противникот, а тоа е Карабах од Азербејџан.