Фудбал
Каква жрепка: Сите добија противници од Азербејџан, освен Ренова
Откако вчера беа познати паровите во првото квалификациско коло од ЛШ, каде Силекс ќе игра со Карабах од Азербејџан, попладнево и претставниците на Македонија во Лига Европа ги добија своите противници.
Слично како Силекс, така Шкендија и Шкупи добија противници од Азербеџан. Шкендија ќе игра против Сумгаит, додека Шкупи ќе игра против Нефчи. Единствено Ренова доби противник кој не е од оваа земја, а тоа е Алашкерт од Ерменија.
Првите мечеви во ЛШ се играат на 18/19 август, додека во ЛЕ на 27 август.