Фудбал
Девет фудбалер на Реал Мадрид на излезна врата, има и ѕвезди
Според шпанските медиуми, Реал Мадрид летово ќе се раздели со деветмина фудбалери, или барем ќе се обиде да го стори тоа. Прв на листата наводно е Герет Бејл, кој и така воопшто не е во плановите на Зидан. Вториот е Хамес Родригез кој исто така по враќањето од Баерн Минхен не добива шанса. Следен е напаѓачот Лука Јовиќ кој никако да се наметне во Реал Мадрид, а за него интерес постои од Монако. Мадридскиот АС исто така пишува дека Лукас Васкез е презаситен и дека повеќе не сака да биде „број 12“ во тимот, дека Начо Фернандез има интересна понуда од Рома, и дека Марсело би можел да му се придружи на Роналдо во Јувентус затоа што Реал веќе бара нов лев бек.
Маријано и Брахим Дијаз се дуо кои се незадоволни од нивниот статус и минутите и сакаат промена на клубот.