Фудбал
ВИДЕО: На Манчестер Јунајтед му беше потребен пенал и продолженија да го елиминира Копенхаген
Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата го совлада Копенхаген во четвртфиналето во Лига Европа и тоа со минимални 1:0. Голот беше постигнат во продолженијата, откако регуларниот дел заврши без погодоци.
Стрелец беше Фернандеш, а најстрогата казна ја изнуди Марсиал, кој беше повлечен од противничкиот дефанзивец Бјеланд.
Јунајтед е вториот патник во полфуиналето, откако претходно Интер со 2:1 го совлада Баер Леверкузен и со тоа обезбеди место помеѓу четирите најдобри оваа сезона во ЛЕ.
Интер и Манчестер Јунајтед своите противници ќе ги дознаат утре вечер кога се играат преостанатите два меча, а се среќаваат Шахтјор-Базел и Вулверхемптон-Севиља. Овие мечеви почнуваат во 21:00 часот.