Connect with us

Фудбал

Трагедија во Германија: Воз прегази 16-годишен хрватски фудбалски талент

Трагедија во Германија. Младиот хрватски талентиран фудбалер Лука Луциќ, кој има 16 години, загина откако додека возел велосипед во него удрил воз. Несреќата се случила во вторникот, во близина на градот Остфилдерн и тоа во моментот кога Луцицќ сакал да мине на обележан премин преку пругата.

Тој е роден во Германија, но бил дел од младинските категории на хрватските репрезентации, пред се онаа за играчи до 17 години. Трагичната вест ја потврди и Фудбалскиот сојуз на Хрватска.