Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Бергамо на нозе, каков пречек за фудбалерите на Аталанта

И покрај тоа што беа елиминирани од ПСЖ во четвртфиналето, Аталанта направи историски успех во дебитантската сезона во ЛШ. Стигнаа далеку, а синоќа за три минути беа елиминирани. Водеа со 1:0 до 90-та минута, а потоа Маркињос и Чупо Мотинг го срушија нивниот сон за полуфинале.

Без разлика на тоа, сепак по враќањето од Лисабон, каде се игра завршницата на ЛШ, беа дочекани како шампиони. Навистина го заслужија тоа, бидејќи тие беа последниот италијански тим кој е елиминиран во ЛШ. Многу порано своите мечеви ги завршија Јувентус, Наполи и Интер.