Connect with us

Други спортови

Колку чини лекувањето на Михаел Шумахер? Сопругата потрошила богатство

Сопругата на Михаел Шумахер, Корина потрошила огромна сума на пари за лекување на својот сопруг. Но, сепак тоа е само еден мал дел од она што поранешниот првак во Ф1 го заработил во текот на својата кариера.

Од повредата, на 29-ти декември 2013-та година, за време на скијање, Шумахер е во кома. Некои информации велат дека се разбудил, дека закрепнува, но ова ништо не е потврдено, ниту демантирано од страна на неговото семејство. Тој се лекува во семејна вила во Швајцарија, а од тогаш до денеска потрошени се неверојатни 40 милиони долари.

Во 2020-та година, седум години по неговата тешка повреда, богатството на Шумахер е проценето на 600 милиони долари. За среќа, според ова, неговата сопруга Корина, ќе може да го финансира лекувањето на легендарниот пилот во Формула 1.

За неговата здравствена состојба нема многу детали. Семејството вешто избегнува контакти со новинарите, а неговиот поранешен шеф во Ферари, Жан Тод пред извесно време изјави дека Шумахер е добар и дека понекогаш заедно гледаат трки. Ова не е потврдено, ниту демантирано од неговото семејство.