Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Севиља е рекордер во Лига Европа, не губи финале, Лукаку е трагичарот

Екипата на Севиља го совлада Интер со 3:2 и го освои пехарот во Лига Европа. Трагирач на мечот е Ромелу Лукаку кој по „ножичките“ на Карлос ја зафати топката и ја смести во сопствената мрежа. Прекрасен меч одиграа двата тима, особено првото полувреме кога „паднаа“ четири голови. Интер поведе со голот на Лукаку од пенал, а потоа следуваа два погодоци на Де Јонг за целосен пресврт. Но, кусо потоа Годин постигна гол за 2:2.

Севиља со овој пехар стана рекордер во Лига Европа. Вкупно шест пати славеше овој тим во ова натпреварување. Прв пат во 2005–06, а потоа 2006–07, 2013–14, 2014–15, 2015–16, 2019–20.

Кога игра финале се докажа и вечерва дека Севиља не губи.