Фудбал
ФОТО: Мистериозна порака на Луис Суарез
Искусниот напаѓач Луис Суарез е отпишан од страна на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман. Се е појасно дека ќе го напушти клубот, а се спомнува враќање во Ајакс. Но, денеска Суарез на Инстаграм објави мистериозна порака.

-Никогаш не забравај дека си само креатор на својата судбина!
Оваа негова порака предизвика полемика во Каталонија, но засега не е јасно на кого мислел Суарез.