Connect with us

Фудбал

Барселона има проблем со Меси, а Реал Мадрид со парите

Додека во Барселона се соочуваат со неизвесната иднина околу останувањето на најдобриот, на иконата на клубот, Лионел Меси, во нивниот најголем ривал поинакви проблеми. Како што пишуваат шпанските медиуми, во Реал Мадрид планирано е ново кратење на платите на фудбалерите.

Играчите на „кралскиот клуб“ еднаш веќе се откажаа од дел од своите примања поради коронакризата, но наводно клубот оваа сезона останал без планираните 200 милиони евра профит. Сето тоа се случило кога фудбал немаше поради вирусот, што секако е голем удар за Реал Мадрид.

Претходно стручниот штаб и играчите се согласија на 20 отсто намалување на платите, а колкаво ќе биде новото кратење, се уште не е познато. Не се знае ниту дали овој пат фудбалерите ќе се согласат со раководството на тимот.