Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонија ги стартуваше подготовките за Ерменија и Грузија, атмосферата е одлична, се очекуваат две победи

Македонската сениорска репрезентација ги почна подготовките за мечевите од Лигата на нации против Ерменија на 5-ти и Грузија на 8-ми септември. Ова практично ќе биде подготовка за дуелот со Косово, кој е полуфинален од плеј-офот од ова натпреварување за пласман на ЕП.

Атмосферата е одлична, а селекторот Игор Ангеловски, како и репрезентативците очекуваат две победи од овие пресметки, кои се од новата сезона, како и на дуелот со Косово, кој требаше одамна да се одигра, но поради добро познатите причини, коронавирусот, целото натпреварување е поместено.