Фудбал
Коман: Враќање во ПСЖ? Додека е Нејмар таму, тешко!
Крилниот фудбалер на Баерн Минхен Кингсли Коман го постигна единствениот гол во финалето против ПСЖ за 1:0 со кој му донесе пехар на германскиот тим. На прашањето дали би можел да се врати во Франција, поточно во ПСЖ, тој одговори.
-Тешко. Особено ако Нејмар е на левата страна, тоа е невозможно. Париз не е во моите планови во кариерата. Имам, можеби осум до десет години на високо ниво, така да не можам ништо двосмислено да кажам. Во главата имам сеќавања од детството, имам добри сеќавања од времето во ПСЖ, вели тој, па додаде:
-ПСЖ секогаш ќе ми биде најомилен клуб. Но, за мене вистинска беше одлуката да заминам. Доколку не заминев, можеби немаше да ја освојам Лигата на шампионите, вели Коман кој пред Баерн Минхен играше за Јувентус.