Фудбал
Меси и Барса-Дијалог без среќен крај
Деновите минуваат без да има навестување за решавање на кризата меѓу Барселона и Меси. Двете страни се сигурни дека се во право и остануваат цврсто на своите позиции, пишува „Марка“.
Не одбиваат да се состанат, всушност ќе го сторат тоа на средина или на крајот на оваа недела, но некаков договор, од денешна перспектива, е невозможен. Хорхе Меси, татко и агент на аргентинскиот напаѓач, планира да допатува во Барселона во следните неколку часа. Тој сè уште е во Росарио. Таткото на фудбалерот сака да се види Жосеп Марија Бартомеу бидејќи играчот инсистира на тоа дека сака пријателски да замине од она што беше негов дом во последните 20 години. Не сака да замине од задната врата. Тоа е порака што тој ја повторува секој ден на својот татко и неговите адвокати.
Сепак, Бартомеу инсистира, ако е за нов договор, може да се разговара, се останато е неприфатливо за Барселона во моментов. Но, уште еднаш Бартомеу повторува дека Меси без обештетување не може да замине, нешто што го соопшти и шпанската Ла Лига, бидејќи сметаат дека Аргентинецот се уште е под договор, иако тој го тврди спротивното, повикувајќи се на клаузулата која ја има, а која вели дека една година пред истекот на соработката, може да побара раскин. Тој тоа го стори, но сепак од Барселона велат, дека можноста не е искористена на време, односно најдоцна до јуни.
Во меѓувреме информациите велат дека Манчестер Сити собира пари за Меси. Ќе ги чини 500 милиони евра за пет години.