Фудбал
Џеко на „чекање“, Роналдо бара Јувентус да го донесе напаѓачот на Барселона
Според информациите од Италија, иако Џеко се договорил со Јувентус, сепак овој трансфер е на „чакање“. Прво поради тоа што Гонзало Игуаин се уште не заминал, односно ја одбил понудата на Фиорентина и уште неколку англиски тимови, а втората е желбата на Кристијано Роналдо.
Имено, Португалецот побарал да биде ангажиран напаѓачот на Барселона, Луис Суарез. Уругваецот е на излезната врата на каталонскиот тим, а Роналдо верува дека тој би бил одлична опција за негов партнер во нападот на „Старата дама“. Дали Јувентус ќе ја исполни неговата желба останува да се види.