Connect with us

Фудбал

Тијаго Силва: Мотивиран сум од идејата да играм на Светското првенство

Нова авантура за Тијаго Силва кој откако го напушти ПСЖ, продолжува во англиското првенство со тимот на Челзи.

Централниот бек зборуваше за официјалниот канал на клубот за неговата иднина за оваа сезона и за тоа од каде добива мотивација за игра.

„Она што ме мотивира секој ден е жедта за победа. Сакам да освојам се што можам“, изјави Бразилецот.

„Кога се префрлив во клуб од Премиерлигата, главната цел што ја имав на ум беше да ја освојам шампионската титула, Сигурен сум дека можеме да се бориме за титулата“.

„Имаме навистина силен тим и одличен тренер. Тука сум да го дадам свој придонес за постигнување на оваа цел“.

Од Премиер лигата до Националниот сонот, да се биде протагонист на Светското првенство во Катар 2022 година:

„Идејата за играње на следното Светско првенство е друга работа што навистина ме мотивира. Ќе имам 38 години и многу сум мотивиран да бидам присутен и да бидам во добра форма“, заклучи дефанзивецот.