Фудбал
Матија Перин позитивен на Ковид-19 пред мечот со Наполи
Коронавирус продолжува да „виори“ во Серија А. Следниот играч кој има позитивен тест е Матија Перин. Значи, по Ибрахимовиќ, сега и голманот на Џенова оди во изолација. Неговиот тест за Ковид-19 направен во пресрет на натпреварот против Наполи беше позитивен. Според медицинскиот протокол, целиот тим и техничкиот персонал треба да бидат тестирани сега, бидејќи имале контакти со Перин.
Останува да видиме што ќе биде одлучено за мечот со Наполи, закажан за утре, од 15 часот. Сигурно, дотогаш ќе има некаков одговор, откако ќе се направи тестирањето на целиот тим. Врз основа на нив, ќе се одлучи за судбината на предметниот натпревар. Ова ќе зависи од други случаи на потенцијална инфекција.