Connect with us

Фудбал

Ниту Челси не е како што беше порано: Објавен податок во кој е тешко да се поверува

Натпреварот од Премиер лигата меѓу Вест Бромвич Албион и Челси е во тек, а во првото полувреме, на изненадување на сите, Челси имаше негатива од 3:0.

ВБА беше многу подобар противник во првото полувреме, и заслужено отиде на полувреме со 3:0, но малкумина можеа да го очекуваат тоа.

Покрај тоа што губат, Челси постави и неславен рекорд. Имено, од почетокот на минатата сезона, Челси прими најмногу голови во гости.

Со денешните три примени гола, тие примија дури 42 гола во гости, а зад нив се најде дури и Норич кој испадна од Премиер лигата, но и уште неколку послаби екипи.