Connect with us

Фудбал

Лукас Пакета потпиша за Лион

Бразилскиот играч за врска Лукас Пакета го напушти Милан и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Лион.

Пакета пристигна во Милано на почетокот на 2019 година од Фламенго за 40 милиони евра, но во последно време не беше стандарден. Бразилецот побара да замине поради записникот, а наскоро пристигна и понудата на Лион.

23-годишниот фудбалер немаше дилеми околу трансферот во Лион и реши да потпише договор со овој клуб до летото 2025 година.

Милан заработи 20 милиони евра од трансферот на Пакета, што е двојно помалку од она што го издвоија за него пред скоро две години.