Други спортови
Голема загриженост на Ѓоковиќ пред полуфиналето на Ролан Гарос
Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да победи во полуфиналето на Ролан Гарос, против Стефан Циципас и да избори ново финале.
Сепак, српскиот тенисер има голема загриженост пред полуфиналниот дуел, а тоа е повредата на вратот и левата надлактица што ја заработи на четвртфиналниот дуел.
Матс Виландер, аналитичар во „Еуроспорт“, зборуваше за повредата на Ѓоковиќ, што може да биде голема загриженост за сите љубители на првиот светски рекет во моментов.
“Не мислам дека тој сака да му покаже на својот противник дека се чувствува повреден. Toе е повреда што ќе биде присутна во полуфиналето и ако нема добар почеток, тоа може да биде проблем”.
“Очигледно му требаше некое време да го загрее своето тело, и така ќе биде во полуфиналето, и повторно во финалето. Мислам дека повредата на Новак е голема загриженост. Тој очигледно не сака да му покаже на својот противник дека повреден човек влегува на теренот”, рече Виландер.
Инаку, Ѓоковиќ пред денешниот дуел тренираше само навечер, со завој на болното место.