Connect with us

Други спортови

Големото ривалство продолжува: Надал е фаворит, но ако некој може да го добие во Париз…

Големото финале на Ролан Гарос помеѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе започне денес. нешто по 15 часот.

Долгогодишното ривалство помеѓу Рафа и Новак е едно од најголемите во поновата спортска историја и тие ќе имаат нова „битка“ денес во Париз во уште едно големо финале.

Ова ќе биде 56. судир на двајцата најдобри тенисери во светот. Париз и згура се домот на Рафа и тој ја брка 13. титула на Ролан Гарос, додека Новак Ѓоковиќ освои само една титула во Париз.

Што се однесува до дуелот помеѓу Новак и Надал, српскиот тенисер има 29 победи наспроти 26 од оние на Надал. Одиграа седум натпревари на Ролан Гарос и таму Рафа е во голема доминација, па затоа тој има сооднос победа и пораз од 6:1. Двапати играа финалиња на Ролан Гарос едни против други и двата пати славеше Шпанецот.

Рафа има дополнителен мотив бидејќи го напаѓа 20-от грен слем трофеј, што ќе го израмни со рекордерот Роџер Федерер. Доколку Новак победи, тој ќе стане победник на грен слем турнирот по 18-ти пат.

Освен трофеи и одлични признанија, двајца тенисери ќе играат за 1,6 милиони евра.