Фудбал
Солскјер ги шокираше навивачите со списокот на играчи за натпреварот со ПСЖ
Тренерот на Манчестер Сунајтед, Солскјер го објави списокот на играчи на кои смета за мечот од ЛШ против ПСЖ.
Интересно е дека на списокот ги нема Единсон Кавани од кого се очекуваше да дебитира на овој натпревар и капитенот Хари Мегваер.
Списокот секако ги шокираше навивачите на Манчестер Јунајтед, бидејќи никој не можеше да очекува дека овие двајца фудбалери, особено Кавани, нема да бидат на него.
Фудбалерите на кои смета Солскјаер за натпреварот против ПСЖ:
Давид де Геа, Дин Хендерсон, Арон Ван-Бисака, Тимоти Фосу-Менсах, Аксел Туанзебе, Виктор Линделоф, Лук Шоу, Алекс Телес, Брендон Вилијамс, Пол Погба, Скот Мектоминај, Бруно Фернандеш, Фред, Немања Матиќ, Дони ван де Бик , Факундо Пелистри, Даниел Џејмс, Хуан Мата, Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал, Одион Игало.
Манчестер Јунајтед, потсетуваме, славеше против Њукасл во саботата со 4:1 и е малку подобро расположен за чекање на почетокот на Лигата на шампионите, но сигурно е дека улогата на фаворит сепак ќе му припадне на ривалот.