Фудбал
Клиперси имаат нов тренер: Лу го наследува Риверс
Поранешниот тренер на Кливленд Кавалирс, Тирон Лу е и официјално нов тренер на Лос Анџелес Клиперс.
Така, Лу ќе го наследи Док Риверс, со кого Клиперси се разделија по поразот во полуфиналето на Западната конференција.
Интересно е тоа што Лу работеше во стручниот штаб на Док Риверс, а покрај него, со овој клуб се поврзуваа уште неколку познати тренерски имиња.
Да потсетиме, новиот тренер на Клиперс ги предводеше Кавалирс до титулата во НБА во 2016 година, но по отворањето на лошата сезона кон крајот на 2018 година, тој беше отпуштен.