Фудбал
ВИДЕО: Какво играчиште е Кавани, влезе од клупата, постигна два гола и донесе победа на Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед беше мета на критики кога пред извесно време одлучи да го ангажира Единсон Кавани како слободен играч. Него му заврши договорот со ПСЖ, долго време бараше клуб, а потоа заврши во Јунајтед.
Но, вечерва ги Угуваецот ги замолкна критичарите. Со два гола му донесе победа на Манчестер Јунајтед кој губеше на гостувањето кај Саутемптон.
Во првото полувреме домаќините водеа со 2:0, головите ги постигнаа Беднарек во 23-та и Ворд-Проус десет минути подоцна.
Но, во вториот дел целосен пресврт. Најнапред во 59-та Фернандеш погоди по одличното додавање од Кавани кој во игра влезе на стартот на вториот дел. Токму Уругваецот потоа постигна два гола, првиот во 74-та, а вториот во втората минута од судиското надополнување за триумф на Манчестер Јунајтед.
Конечно добри партии на „Црвените ѓаволи“ кои врзаа три победи и се искачија на седмото место.