Фудбал
ВИДЕО: Аргентинците се уште не можат да преболат, Марадона се појави на небото
Видео на јутјуб снимено во Аргентина стана вистински хит. Една девојка од својот балкон ги снимила облаците, а потоа видеото го објавила и вели дека Диего Армандо Марадона се појавил на небото. Неговата силуета како што вели девојката, но и бројни аргентински медиуми, се појавила во облаците, и тоа во дресот со бројот 10. Ова видео е уште еден доказ каков углед уживаше легендарниот Аргентинец во својата земја.
