Фудбал
ВИДЕО: Македонски репрезентативец ја тресеше мрежата на лидерот во шпанската лига
Хрватскиот тим Ријека, за кој настапува нашиот Дарко Велковски без разлика што ќе направи до крајот на групната фаза, не може да ги продолжи натпреварите во Лига Европа. Тие се последни во групата зад Наполи, Реал Сосиедад и Аз Алкмар. Сепак, ќе играат за честа на клубот. Тоа го покажуваат вечерва каде по 40-тина минути водат со 1:0 на гостувањето кај лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Сосиедад. Стрелец на голот е нашиот Дарко Велковски во 38-та минута по еден корнер.
Голот на Велковски погледнете го ТУКА.