Connect with us

Фудбал

Свештениците го кренаа гласот, верата е поважна од Марадона!

Група свештеници напишала писмо на надпискупот од Неапол, барајќи да се сопре одлуката за преименвањето на стадионот „Сан Паоло“ во Диего Армандо Марадона.

Легендата на Наполи и Аргентинскиот фудбал почина пред десет дена од срцев удар на 60-годишна возраст, а првиот човек на италијанскиот тим Аурелио Де Лаурентис порача дека ќе го сменат името на стадионот во чест на Диего.

–Стадионот Сан Паоло треба да се вика по светецот кој ни го донесе Исус. Со понизност, чуствуваме одговорност ова да ви го кажеме. Би било добро стадионот да се именува Сан Паоло-Марадона, како по примерот во Милано, Сан Сиро-Меаца. Тоа би бил вистински компромис, ако ја спасиме верата, а во ист момент да го почестиме шампионот каков што беше Марадона, се наведува во писмото на свештениците.