Connect with us

Фудбал

Медицинските лица кои се борат против Ковид 19 ќе имаат приоритет при купувањето на билетите за ЕП на кое Македонија ќе дебитира

Иако УЕФА се уште нема одлука дали ЕП 2021 ќе се игра со навивачи или без, се ќе зависи од пандемијата со коронавирусот, сепак уште сега ФФМ донесе одлука приоритет за влезници да имаат докторите и медицинските лица како награда за нивната борба против Ковид 19. Македонија прв пат ќе игра на ЕП, а влезниците ако има публика ќе бидат во ограничен број. ФФМ одлучи приоритет да имаат медицинските лица за купување на истите.

-Затоа одлучивме како награда, доколку ситуацијата со пандемијата биде под контрола, како резултат на натчовечките напори и заложби кои секојдневно ги прават за заштита на нашето здравје во изминатиот период, а очигледно и во периодот што следува, приоритет за добивање на билети за следење на настапите на македонската репрезентација на Европското првенство да имаат сите медицински лица кои се во првите редови во борбата против Ковид – 19 (доктори, сестри, технички персонаЈасно ми е дека ова е премалку, но чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста и повеќемесечниот труд што го вложуваат за да не заштитат сите нас.
Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности.

-Најсреќен би бил кога во јуни 2021 година нашите медицински лица би ги замениле маските и заштитната униформа со навивачки реквизити, кога трагите од нив и уморот на нивните лица ќе ги заменат со насмевки за головите што нашите ќе ги постигнат на Европското првенство, порача првиот човек на ФФМ Мухамед Сејдини.