Фудбал
Менаџерот на Погба: Неговото време во Манчестер Јунајтед заврши!
Договорот на Пол Погба со Манчестер Јунајтед трае уште две сезони, а тоа е нешто што засега му го отежнува обидот да замине. Сепак, ако се суди според зборовите на суперагентот Мино Рајола, на престојот на Погба на „Олд Трафорд“ наскоро ќе му дојде крај.
-Можам да кажам дека со Погба и Манчестер Јунајтед е готово, изјави Рајола, а пренесува „Тутоспорт“.
Французинот наводно би можел да се врати во Италија, бидејќи интерес за него има од неговиот поранешен клуб Јувентус.