Фудбал
ФОТО: Утре ќе гледаме долго очекуван дуел Меси-Роналдо, Барселона со уникатна објава
Кога да се спомнеше „Ел Класико“ во изминатите неколку години, секогаш се поврзуваше со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Сепак, во последните две сезони не е така, бидејќи Португалецот се пресели во Јувентус.
Но, утре вечер со почеток во 21 часот ќе имаме можност повторно да гледаме пресметка на двајцата волшебници со фудбалската топка. Барселона на домашен терен го пречекува Јувентус во последното коло од групната фаза. Двата тима веќе обезбедија пласман во следната рунда, па се очекува да играат растеретено, без притисок, што секако е дополнителна причина за очекување на добар фудбал.
За разлика од првиот меч, кога Роналдо не настапи поради позитивен тест на коронавирус, сега на „Камп Ноу“ се очекува и двајцата да настапат од првата минута. По тој повод Барселона на уникатен начин ја најави нивната нова пресметка.