Фудбал
Иако не смее, свештеник открил детали, Марадона му се исповедал
Поминаа речиси две недели од смртта на Диего Армандо Марадона, а фактот дека се уште е актуелен во светските медиуми доволно говори за тоа колкаво влијание имал во Аргентина.
Аргентинскиот свештеник Густаво Рубио, иако не смее според религиските правила, сепак се одлучил на тамошните медиуми да го прераскаже последната средба со Марадона, кога дошол да се исповеда. Диего го повикал во септември 2019-та година, а средбата мила во црквата „Марија Ауксиладора“.
-Диего ми бараше благослов. Ми рече дека сака мир и дека поради тоа ја преземал клупата на Химназија. Ме зачуди тоа што сакаше да зборува со свештеник. Се молеше Господ да му прости поради начинот на кој го живееше својот живот, вели свештеникот.
Успеа да избори опстанок со Химназија, но неговата здравствена состојба се промени во последните неколку месеци. Беше опериран поради хематом на мозокот, но брзо потоа почина дома од срцев удар.
-Марадона ми раскажа дека неговата мајка Тота поминувала низ тешки ситуации и поради тоа се свртела кон верата каде пронаоѓала сила, изјави свештеникот, притоа додавајќи:
-Марадона ми рече дека од сега се ќе биде како што Господ заповеда. Дека било доста сра*а во животот поради кој жали, но сепак имало и добри работи кои што ги направил.