Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Неверојатен меч во Фиренца, Џенова без Пандев испушти победа во 98-ма минута

Од самиот почеток на мечот Фиорентина создаваше шанси, доминираше, особено во вториот дел, но на крајот едвај се спаси од пораз. Фиорентина беше подобар противник, дури и постигнаа гол преку Бонавентура, но ВАР го поништи, бидејќи претходно во акцијата имало прекршок.

А, потоа шансите не се користат стигнува казната. Пјаца во 89-та погодува за Џенова и сите очекуваа изненадување на овој меч, на кој гостите ќе заминат со трите бода. Сепак, се играа дури осум минути продолженија, иако беа покажани шест, па по мешаницата пред голот на гостите, Миленковиќ погоди за 1:1 и се покажа како спасител на Фиорентина.

Џенова остана на претпоследното место со 6 бодови, а ништо подобра не е Фиорентина која сезонава собра 9 бодови и е на ниското 17-то место.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев на овој меч остана на клупата за резервни фудбалери.